Работа од соништата – контролор на квалитетот во јавна куќа

Дали сте пресреќни што добивте работа како менаџер во странска банка? Многумина би биле задоволни да станат менаџери на странска банка или на некоја голема фирма, да добијат висока плата, службен автомобил… би сметале дека достигнале некаков врв и дека имаат работа која за најголем дел е најдобрата. Но Џејм Раскон, водечки диџеј, ги демантира сите тврдења за идеална работа. Тој има работа за која најголем дел од припадниците на машкиот пол му завидуваат и секако посакуваат да ја работат. Неодамна тој добил работа која звучи и повеќе од добро за да биде вистинита: Контролор на квалитетот во јавната куќа.

Мадам Фиорела, сопственичка на еден од најелитните ВИП-бордели во Чиле го замолила диџеот, кој работи и како модел, да и помогне во скенингот на кандидатите за ВИП-услуги во јавната куќа. Таа има многу строги критериуми при избор, така што девојките поминуваат интервју, психолошки тест и фотосесија. Секој месец се пријавуваат по стотина девојки за да работат кај мадам Фиорела. Од нив, по поминатите тестови и интервјуа, шест влегуваат во потесниот круг – шесте најзгодни, најубави, најшармантни и најинтелегентни девојки. Шесте финалистки потоа му се предаваат на Раскон, кој започнува со финалното тестирање. Секоја од нив поминува еден ден со него, имаат секс, а тој во разговор со мадам Фиорела кажува како поминал. Посебно за секоја од нив објаснува што нуди и дали е добра од машка гледна точка почнувајќи од предигра, секс, орален секс. На основа на мислењето на Раскон се одлучува која девојка ќе биде вработена. Хонорарите на девојките се многу високи, а во борделот на мадам Фиорела доаѓаат најбогатите клиенти, поради што селекцијата ригорозна.

Работата на Раскон е обемна. Во согласност со работните задачи што ги има, годишно е принуден да има секс со околу 70 врвни убавици. И неговата плата е за завидување, односно платата не е помала од онаа која ја имаат менаџерите на странските банки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.