Работилница на „Макпетрол“ за родители од четири општини утре во Гевгелија

Општествено одговорната иницијатива „Крени глас против врсничко насилство“, предводена од „Макпетрол“, продолжува со своите активности во Гевгелија. Утре, на 29 април, со почеток од 18 часот во Народниот театар на градот, ќе се одржи работилница за родители посветена на проблемот со булингот. Освен жителите на Гевгелија, на оваа средба можат да учествуваат и заинтересираните од Валандово, Дојран и Ново Село. Психологот Деспина Стојановска ќе го разгледа врсничкото насилство од стручен агол, додека актерот Сашко Коцев ќе биде модератор на настанот. Во оваа фаза од кампањата, „Макпетрол“ организираше досега 13 работилници за родители, каде што беше дискутиран проблемот со булингот во општини како Илинден, Бутел, Чучер-Сандево, Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), и Крива Паланка. Исто така, едукативни сесии се одржаа во Штип, со учество од Свети Николе, како и во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, и во Кочани, наменети и за граѓаните од Виница и Берово.
Овие настани имаат за цел да понудат едукација за булингот, овозможувајќи им на родителите да разменат искуства и разговори со психологот. Учесници на работилниците се и претставници од стручните училишни служби во општината, кои директно се занимаваат со случаи на врсничко насилство во ученичката средина. Организацијата на овие средби од страна на „Макпетрол“ создава платформа за јавен дијалог помеѓу клучните засегнати страни, во насока на подобрување на состојбата со булингот.
Во почетокот на оваа кампања, „Макпетрол“ организираше работилници во над 150 основни училишта, каде што учениците добија можност од психологот да слушнат како да се справуваат со проблемот на булингот и да ги споделат своите искуства. Овие едукативни настани се одржаа во основните училишта од 26 општини, со кои компанијата потпиша меморандуми за соработка. Интернет-страницата kreniglas.mk служи како централен ресурс на кампањата, нудејќи едукативни материјали за препознавање и реакција на различни видови на булингот, вклучувајќи физичко, вербално, психичко, социјално и сајбер-насилство. Со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ прави придонес кон подобрување на ситуацијата со булингот во земјата, додека идните активности на компанијата ќе продолжат да се фокусираат на младите.
The post Работилница на „Макпетрол“ за родители од четири општини утре во Гевгелија appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: