Веќе не паметиш кога последен пат имаше момче, а секогаш кога ќе посакаш, сфаќаш дека добро ти е сама. Сепак си имаш некоја своја комфорна зона и не се брзаш да ја промениш. Токму затоа ќе се пронајдеш во следните работи:
Твојата најдобра другарка ќе раскине долга врска, ќе има луд сингл период и ќе си фати ново момче, додека тебе ти треба многу подолг период да се решиш да одиш на состанок. Но, воопшто не се грижиш за тоа.
Сметаш дека си сама, бидејќи премногу прибираш.
Секогаш завршуваш бакнувајќи се со најчудниот тип во клубот. Сепак, се работи за уште една пијана вечер.
Со другарките се однесуваш како да ти се момче. Постојано сте заедно и правите различни активности.
Па затоа со сигурност знаеш кои ќе ти бидат главни деверуши на свадбата, иако младоженецот се уште не е појавен во твојот живот.
Кога си осамена, ти сметаат сите парови кои ги гледаш.
Имаш предвреме подготвен одговор кога некој ќе те праша зошто си сингл.
– Моментално сум фокусирана на себе. Знаеш кариерата ми се одвива мошне добро и планирам така и да продолжи.
Кога некој те теши дека и ти ќе си најдеш момче, сфаќаш дека не е трагично толку многу што си сама.
Запознаваш некој и за 10 минути веднаш почнуваш да си планираш иднина со него. Потоа нешто лошо ти паѓа на ум, како на пример чевлите. И веднаш си ги враќаш мислите на место.
Но, повеќето време, обожаваш што си имаш време за себе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.