Работи што може да се случат со вашето тело во текот на зимата

Ниските температури имаат тенденција да ве натераат да останете во затворен простор и да не бидете отпорни на вируси и инфекции. Но, покрај зимските настинки, студеното време може да влијае на човечкото тело на изненадувачки начини. Сепак, не сите од нив се штетни за вашето здравје. Во продолжение прочитајте како реагира човечкото тело на сезонскиот пад на температурата.
1. Вашиот јазик работи повеќе од вообичаеното


Ниските температури ги сушат усните, а вие сте во искушение да ги лижете за да ги навлажните. Иако тоа може да ви помогне привремено, оваа навика всушност може да доведе до испукани усни. Плунката испарува многу брзо оставајќи ги усните посуви од претходно. Исто така, содржи многу ензими што се премногу груби за вашите нежни усни.
2. Може да ве болат забите


Ако имате чувствителни заби, може да почувствувате остра, прободлива болка кога надвор е премногу студено. Студениот воздух може да стигне до нервите длабоко во забот и да предизвика болка. Стоматолозите препорачуваат да дишете преку нос кога сте на отворено и да завиткате шал околу устата за да ги загреете и да ги заштитите чувствителните заби од зимскиот студ.
3. Може да се зголеми нивото на шеќер во крвта


Студеното време го тера вашето тело да ослободува хормони на стрес кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Кај многумина, како што паѓа температурата, така се зголемува нивото на шеќер во крвта затоа што кога е студено, помалку сте мотивирани да одите надвор и да вежбате. Бидејќи физичката активност го намалува шеќерот во крвта, лекарите препорачуваат да вежбате дома во зима за да го држите нивото на шеќер под контрола.
4. Може да изгубите тежина


Иако е вистина дека многу луѓе добиваат вишок килограми во текот на зимата, на телото му е полесно да согорува калории кога е ладно. Телото се приспособува на ниските температури, произведувате топлина и согорувате дополнителна енергија. Кога треперите за да се навикнете на студот, согорувате повеќе калории за да создадете топлина.
5. Може да ви се појават повеќе брчки


Не можете целосно да ја обвините зимата за појавата на брчките, но вашата кожа е почувствителна во текот на зимата. Бидејќи има пад на влажноста во воздухот за време на студените месеци, вашата кожа почнува да се суши. Не може да задржи доволно вода и како резултат на тоа, станува сува и е склона кон појава на повеќе брчки.
6. Може да ви се влоши видот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.