Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е многу поинаква…Живеењето сами најчесто е начин на живот кој не го разбираат сите. Па, многумина треба да објаснуваат како изгледаат секојдневните обврски и дека тоа не е ништо чудно.
Работи кои луѓето кои живеат сами би сакале другите да ги разберат:
Живеењето сами не значи осаменост
Постои голема разлика од тоа да се живее сам и да се биде осамен. Читање книга, гледање филм, уживање во топла бања… сето ова е сосема во ред, а една од најголемите радости за да се живее сам е што може да се прават сите овие и многу други работи без некој да ве прекинува.
Многумина се осамени и додека се во врски со други, затоа што сепак немаат со кого да споделат нешто или да бидат сослушани и разбрани. Со други зборови, осаменоста зависи од сопствените околности.
Живеењето сами не значи дека се нема никаква одговорност
Многу често луѓето знаат да кажат „имаш среќа што живееш сам/а“. Тоа е во ред, но ако може да се препознаат предностите од живеењето сам и ако е кажано на искрен начин.
Можеби овие личности живеат сами и не се постојано со деца или каква било друга придружба, но сепак, имаат одговорности за домот и за финансиите, кои зависат целосно од нив.
Можеби нивните животи ви изгледаат поинакви, но тоа не ги прави помалку одговорни од вас.
Не бараат сите животен партнер
Многу луѓе кои живеат сами се без партнер, па, навикнати се на прашања од типот како им оди љубовниот живот, дали се гледаат со некого… Но, овие личности не секогаш сакаат да разговараат на овие теми.
Можеби некој се бори да најде некого кој ќе му одговара или, пак, смета дека сè уште е рано или личноста не е доволно опуштена да ги сподели тие детали со вас.
Уште една работа која личностите кои живеат сами сакаат другите да ја знаат е тоа што статусот на „неомажена/неоженет“ не ги дефинира нив како личност. Тие имаат пријатели, хоби, работни места и интереси. Управуваат со нивните финансии и со домот, балансираат сè и генерално тоа го прават добро. Овде не е важен статусот на љубовната врска.
shto-treba-da-znaete-za-onie-koi-zhiveat-sami-i-zoshto-e-dobar-ovoj-nachin-na-zhivot-03.jpg
Важен им е распоредот и не сакаат кога им откажувате во последен момент
За личностите кои живеат сами, пријателите и поширокото семејство им се примарни врски и тие вложуваат многу енергија во тоа. Ним им значи распоредот затоа што однапред си ја планираат неделата, па трудете се да не им откажувате средба во последен момент и да им ги промените плановите.
За да имаат здрав социјален контакт, на овие личности им е важно да се држите до однапред планираното.
shto-treba-da-znaete-za-onie-koi-zhiveat-sami-i-zoshto-e-dobar-ovoj-nachin-na-zhivot-04.jpg
Живеењето сам има цена, но важно е да се пронајде сопствениот мир
Буквално, овие личности плаќаат висока цена за живеење сами. Плаќаат 100% од кирија или рата за кредит, сите сметки и други трошоци се „на нивен грб“. Тука има и емотивна цена: Тие се целосно одговорни за одлуките за секој аспект од нивниот живот.
Секако, живеењето сам има свои тешкотии, тоа е начин на живот кој многумина не би го избрале. Но, за други пак најважно е да имаат сопствен простор и мир.
Иако може да звучи страшно кога треба да се справите со сè, длабоко охрабрува тоа што треба да бидете целосно одговорни за себе.
shto-treba-da-znaete-za-onie-koi-zhiveat-sami-i-zoshto-e-dobar-ovoj-nachin-na-zhivot-06.jpg
Кои предности ги нуди живеењето сами?
Има многу придобивки од живеењето сами, а многу од нив се фокусираат на тоа дека може да живеете според ваши услови. Тоа значи дека може да чистите кога вие сакате и да поставите свои правила и навики. Нема да се чувствувате виновни што ги оставате садовите неизмиени или, пак, ако купот алишта нема да биде навремено наместен.
Исто така, уште една предност е што ќе имате загарантирана приватност. Всушност, колку и паровите да се блиски, на секоја личност ѝ треба време за себе и свој простор во кој ќе може да се опушти. Кога живеете сами, ова може да го правите секогаш кога ќе почувствувате потреба за тоа.
Интересно е тоа што овие личности може повеќе да ја истакнат својата креативна страна и да се посветат повеќе на своето хоби. Така може да откријат некои работи за себе кои не ги согледале до тогаш, а може и да пронајдат некој свој нов талент.
shto-treba-da-znaete-za-onie-koi-zhiveat-sami-i-zoshto-e-dobar-ovoj-nachin-na-zhivot-07.jpg
Како и да е, најважно е вие да се чувствувате среќни, исполнети и удобно во своја кожа. Ако гледаме од различни аспекти, секогаш постојат предности и недостатоци, па важно е секој да го пронајде својот пат, а уште поважно е да не ги осудуваме другите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.