Работник го усмртил работодавачот со камен во глава

Вработен во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот холандски државјанин  најпрво започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денес во 13:30 часот го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење, како и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот вработен е лишен од слобода, а истрагата во Обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.