За време на копање дупка за шахта во дворот на амбулантата во Илинден, биле пронајдени коски. „Во моментот кога амбулантата се реновира, при ископот се откриени коски кои наликуваат на човечки“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Коските се пренесени во Институтот за судска медицина каде што ќе се изврши обдукција. Преземаат се активности за да се разјасни случајот.



