Работничка диета ги топи килограмите: Се држи седум дена и нема да бидете гладни!

Работничката диета е осмислена во 1985 година, кога една американска компанија одлучила да ги охрабри и да им помогне на своите работници да водат поздрав живот и да го изгубат вишокот килограми.
Како што осмислиле творците, според планот на оваа диета би требало да изгубите околу пет до седум килограми неделно, а посебно било истакнато значењето на хидратацијата, па на сите работници им било напоменато задолжително секој ден да испијат и шест до осум чаши вода. Покрај тоа, секој ден можете во неограничени количини да пиете супа, но приготвена по нивниот рецепт.
Во тоа време била популарна и како зелка-диета, а планот на исхрана се засновал на тоа човекот во текот на денот да внесе помалку калории одошто му се потребни, што доведува до топење на вишокот маснотии во организмот.


Прв ден
Можете да го јадете секое овошје освен банана. Не постојат ограничувања во количината, јадете што повеќе овошје.
Втор ден
Овошјето заменете го со зеленчук, кој можете да го консумирате и варен и сиров, а притоа не постои ограничување што смеете, а што не смеете да јадете од зеленчук. . Појадокот, на пример, може да ви биде печен компир, а по желба може да додадете и малку путер. Ова на телото ќе му даде јаглехидрати кои се неопходни да обезбедат енергија во текот на остатокот на денот. Зеленчукот ќе му обезбеди на телото доволно хранливи состојки и влакна, а практично не содржи калории.
Трет ден
Освен банана и компир, третиот ден може да јадете секакви комбинации од овошје и зеленчук, без ограничувања на видот и количината. Компирот не ви е потребен, бидејќи јаглехидратите ќе ги добиете од овошјето. Во оваа фаза, телото е подготвено да ги согори вишокот килограми.
Четврти ден
Банани и млеко – Овој ден може да изедете до 8 банани, да испиете 3 чаши млеко и супа, која може да ја јадете колку што сакате (како и во текот на останатите денови од диетата). Бананите се важни бидејќи ќе ви го вратат натриумот и калиумот што организмот ги изгубил претходните три дена.
Петти ден
Ден за говедско и домати. Може да изедете 6 цели домати и две порции по 300 грама говедско. Не мора да изедете се’ од говедското, јадете колку што ви одговара, додека доматите би требало да ги изедете сите.
Гледајте во текот на овој ден да ја зголемите количината на внесена вода за дополнителни 2 чаши, за да му помогнете на телото да се прочисти од мочната киселина што ќе настане за време на варењето на говедското. Месото ќе му да де на вашето тело железо и протеини, а доматите со нивните влакна ќе помогнат при варењето.
Шести ден
И шестиот ден се јаде говедско, но доматот се менува со комбинација на зеленчук по сопствен избор. Може да јадете зеленчук колку што сакате, а говедско исто како и петтиот ден (2 порции по 300 грама).
Овој ден, телото потполно ќе може да губи килограми и ќе ја видите разликата во вашиот изглед во споредба со периодот пред да почнете со диетата.
Седми ден
Последниот ден јадете кафеав ориз, овошни сокови и зеленчук, без ограничувања. По овој седумдневен план на исхрана, би требало да имате исчистен организам и пет до седум килограми помалку.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.