Рада Манојловиќ го смени ЦЕЛИОТ ТИМ на соработници, менаџерската работа ја доби ПОСЕБНА ЛИЧНОСТ

Рада Манојловиќ и нејзината сестра Марија ја подигнаа деловната соработка на повисоко ниво.Имено, познато е дека пејачката ја носела и сестра си на настапи бидејќи по професија е шминкерка, но сега одлучила да и додели нова титула – менаџер!

Марија од почетокот на оваа година е задолжена за закажување на настапите на Радa, а веќе завршила добра работа бидејќи има закажано 20! Според извештаите, од тоа ќе инкасираат дури 160.000 евра! Но, покрај тоа, пејачката реши да го смени целиот тим на соработници, па веќе има нов клавијатурист и возач.

Сето ова пејачката го потврди.
-Маја не ми е само сестра, таа ми е и најдобра пријателка, рамо за плачење, а сега и мој менаџер! Таа исто така ме шминка и ме советува што да облечам за настап. Маја е единствената личност за која сум сигурна дека нема да внимава само на сопствените интереси. Таа искрено ме сака и покажа колку и е важна мојата кариера. Сега ја имам најубавата и најдобрата менаџерка, која ме тера што поскоро да објавам нови песни, бидејќи навистина имам многу во моите фиоки, вели пејачката, пишува Информер.

Нејзината сега менаџерка и помлада сестра Марија вели дека нема да дозволи никој да манипулира со Рада.
-Претходно зборувавме за мојот бизнис ангажман, но имав некои приватни обврски. Сега сите пари остануваат во куќата! Нема да дозволам никој да манипулира со сестра ми. Заедно одиме на настапи, имаме нов клавијатурист, како и возач кој не носи на понатамошни дестинации, рече таа.

Дури и нивниот татко Раде е пресреќен што неговите ќерки работат заедно.
-Горд сум и среќен! Сите музичари и менаџери ја користеа Рада, купуваа недвижнини низ Белград, само таа не можеше да купи ништо за себе бидејќи ќе и останеше малку пари од хонорарите, заклучи Раде.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.