Рада Манојловиќ нападната од новинарите: Како настапуваш невакцинирана и до кога ќе се шегуваш со короната

Популарната пејачка Рада Манојловиќ е една од оние кои јасно ги пропагираа своите анти-ваксерски ставови во текот на изминатата година. Но дојде периодот на предновогодишни забави на кои како што сите знаеме се заработуваат најдобри хонорари а богами и бакшиш.
Па така откако беше објавено дека таа за најлудата ноќ ќе настапува во познат Белградски клуб претставниците на седмата сила ја сретнаа на едно снимање вчера вечер и веднаш и го поставија прашањето како планира да пее пред толкава толпа на луѓе невакцинирана?
-Вакцинацијата е мое право и мој проблем а не ваше, не можете да ми зирнете во здравствената книшка, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic)


На ова новинарот и одговори дека ако се вакцинирала треба веднаш да престане да пишува статуси и твитови како короната не постои и како вакцинацијата не е сигурна заштита дури и да постои вирусот.
Претставниците на медиумите буквално збеснаа и и рекоа дека е лицемерна и ставовите за короната ги кажува онака како и одговара во моментот, односно ги приспособува на своите моментални потреби, на што Рада остана со „отворена уста“ и не знаеше што да им одговори. Сепак таа реши да објави видео од конверзацијата и тврди дека кажала како секој има свое право на избор, а медиумите измислувале дека е таа против вакцинација…погледнете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.