недела, 15 ноември 2026
Најново

Радев: Сакаме што е можно поскоро да ја видиме Македонија во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“ зборувал дека неговото влегување во парламентарната политика е како одговор на повикот на бугарските граѓани и нивните очекувања Бугарија да стане демократска, модерна и слободна европска држава, како и за забрзана европска интеграција. Тој во своето интервју, меѓу другото, говорел и за европскиот пат на Македонија и односите на релација Софија-Скопје.

Радев повторил дека според европскиот консензус од јули 2022 година (францускиот предлог), Македонија мора да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите народи во Преамбулата и само тогаш може да започнат преговорите за членство во ЕУ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно“, вели Радев во интервјуто, пренесуваат бугарските медиуми.

Поврзани вести