Раде Штекли објави фотографија по експлозијата на бомба

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата куќа, а тој заврши во болница. Фотографијата е од него, каде се гледаат раните од куршумите, по претходните две пукања во него. Фотографијата е илустрирана со песна „Мафија“.

Штекли имаше полесни повреди и беше вон животна опасност. Според информациите станувало збор за полесни повреди. Нема информација дали е пуштен на домашен третман.

Од МВР нема информации дали се фатени лицата кои ја фрлиле експлозивната направа.

Пронајдете не на следниве мрежи: