Единаесетгодишно куче било пронајдено на 500 километри од домот по повеќе од една година откако било украдено, објави Би-би-си.
Кученцето Кјара било украдено од дворот на куќата каде што живеело во Лондон во август 2017 година.
Кога две кучиња скитници дошле во домот на Питер Даниел во Бангор, тој веднаш ги пронашол сопствениците на Кјара преку нејзиниот микрочип. Нејзините сопственици, Хуан и Антоанета Мино, се пресреќни што се повторно заедно со своето милениче.
Даниел рекол дека во саботата забележал две кучиња како минуваат кај кантите за отпадоци пред неговата куќа.
-Сите бевме многу трогнати… плачевме од среќа. Кучињата се членови во семејството, рече Даниел.
Кога била укадена Кјара, нејзините сопственици испечатиле 500 постери за исчезнато куче, понудиле и награда доколку биде пронајдена. По една година помината без никаков знак, тие изгубиле надеж.