Радувајте му се на викендот- од понеделник неочекуван пресврт во временската прогноза

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 10 до 21 степен.
Во Скопје, слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.


До понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.