Радувајте се возачи, еве ги и новите цени на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика донесена денес горивата ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар. Новите цени на горивата ќе важат од ноќеска на полноќ.
Според новиот ценовник, бензинот „Супер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а за исто толку се намалува и „Супер 95“ и литар ќе чини 66,50 денари. Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и литар ќе се продава за 60,00 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.