Струмичанецот Павле Витанов ја однесе победата на онлајн гласањето во шоуто „Никад није касно“. Тој доби дури над 44 илјади гласови или 34,5 одсто од вкупните гласовите за сите кандидати на дигиталната платформа Фејсбук.
Витанов беше и во врвот по СМС гласањето. Со над 7 илјади смс пораки тој го освои третото место.
Нашиот славеј во финалето се престави со песната „Розо моја“ од Ибуш Ибраимовски и уште еднаш покажа зошто е фаворит за триумф.
Пред само една недела неговата сограѓанка Славица Ангелова го освои подиумот во „Ѕвездите на Гранд“.
Честиткии за двајцата! Македонија има со што да се гордее!