Непознат разбојник, кој имал и нож, ограбил двајца тинејџери на возраст од 15 и 17 години на автобуска постојка во скопската населба Карпош, соопшти полицијата.
„На 13.04.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.