Разбудете го дигестивниот систем: Секое утро пијте мед со вода!

Познато е дека медот е еден од најздравите производи во светот. Посебно се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со лошо варење на храната, односно со запек.
Секојдневното консумирање на медот е најдобриот начин целосно да ги искористите сите негови придобивки…
Потребни состојки:
2 децилитри млака вода
1 полна лажица мед
Начин на подготовка:
Добро измешајте ги водата и медот, почекајте тој целосно да се стопи и потоа испијте ја напивката.
Водата мора да биде млака, но никако врела, бидејќи високата температура ги уништува сите хранливи состојки во медот.


Како водата со мед делува на телото?
Го олеснува минувањето на храната во дигестивниот систем, односно од тенкото во дебелото црево.
Ги неутрализира гасовите што се произведуваат во дигестивниот систем.
Го смирува желудникот. Некои истражувања покажале дека помага при лечење чиреви на желудник и бактериски гастроентеритис.
Одличен е за детоксикација на организмот, односно помага да се исфрлат отровите.
Ако додадете сок од лимон, ќе стане ваш сојузник за слабеење.
Делува антибактериски. Сировиот мед е полн со ензими, витамини и минерали кои се борат против штетните бактерии.
Ги ублажува алергиите, така што му помага на телото да ја намали својата чувствителност на околината.
Го регулира нивото на шеќер во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.