Само десет минути разговор со друго лице може да ја подобри меморијата и интелектот, тврдат научниците од Универзитетот Мичиген.
– Во текот на нашите студии, дружењето со други лица се покажа подеднакво делотворно како и некои традиционални психички вежби за подобрување на меморијата и интелектуалната способност, пишува психологот, Оскар Јбара.
При прегледувањето на податоците за 3.610 лица на возраст од 24 до 96 години, воочена е врска меѓу високо ниво на социјалната интеракција и развиени когнитивни функции, пишува порталот Стетоскоп.
Во текот на друг експеримент, научниците изведоа лабораториски тест за да утврдат како социјалната интеракција и интелектуалната вежба влијае на меморијата и психичките способности.
– Ние видовме дека и кратката интеракција од само десет минути ја зголемува интелектуалната способност исто како и вклучувањето во интелектуалната активност, рече Јбар.
Што се однесува до резулататите, изгледа дека посетата на пријател и сосед може да биде многу важна за острината на умот како и секојдневното решавање крстозбор.
Јбара нагласува дека социјалната изолација може да има негативно влијание на интелектуалната способност, како и на емоционалната стабилност на личноста.