Разни вознемирувачки дезинформации се споделуваат по социјалните мрежи за Вања, ќе ги спречи ли МВР?

Потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје продолжува и денеска. На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница од страна на Интерпол.

Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери. Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол, велат од МВР.

Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче. Доколку продолжат да се шират разни вознемирувачки дезинформации за Вања, време е МВР да преземе конкретни мерки и да ги санкционира сите оние кои ја попречуваат работата, а воедно и креираат големи невистини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.