Разорно невреме на Балканот: Следуваат опасни метеоролошки појави, невремето се движи кон нас

Опасни метеоролошки појави , силни врнежи, грмежи, ветер и силен град го зафаќаат Балканот, а најпогодени ќе бидат Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, и тоа уште во следните часови. Невремето кај нас ќе пристигне уште денес попладне кога локално ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, најавува Славчо Попоски. Локално поради многу загреаната атмосфера ќе има појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер, но и појава на град. Невремето ќе продолжи и следната недела кога се можни и локални поплавувања. Исто така опасност од поплави во следните часови и утре има и во регионот, односно во соседна Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Исто така, советува Попоски, ова силно невреме локално може да услови и град од значително поголема големина кој  може да услови доста штети. Граѓаните се предупредуваат во случај на силни грмежи и громови во никој случај да не излегуваат од своите домови и да ги исклучуваат домашните апарати во случај на појава на големо невреме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.