Разочарувачките кинески и германски податоци ја спуштија цената на нафтата

Цената на барел нафта падна во вторникот на меѓународните берзи откако разочарувачките податоци од кинеската и германската индустрија ги пригушија изгледите за побарувачката за енергенси.На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна за еден долар, на 99,39 долари, а на американската берза со барел се тргуваше по 86 центи пониска цена, по 88,33 долари.Расположението на берзите денеска го поматија денеска податоците за активностите во германскиот и кинескиот индустриски сектор, принудувајќи ги изгледите за побарувачката за горива.Индексот на менаџери за набавка што HSBC го изработува за кинескиот индустриски сектор падна во април на 50,5 поени, од 51,6 поени во претходниот месец, сигнализирајќи на подзапирање на растот по краткотрајното закрепнување во минатиот месец.Во одвоен извештај институтот Markit извести за неочекуван пад на активностите во германскиот приватен сектор во април. Индексот за цела еврозона благо порасна, но и натаму укажува на пад на активностите.„Кинеските и германските податоци разочараа па падот на цената на нафтата не изненадува премногу“, вели Бјорн Шилдроп од норвешки SEB.Цените на нафтата сега се 10 отсто пониски од што беа на почетокот на месецот, а товар е загриженоста за светскиот економски раст.
МакфаксЦената на барел нафта падна во вторникот на меѓународните берзи откако разочарувачките податоци од кинеската и германс

Пронајдете не на следниве мрежи: