Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
Таа беше разрешена поради користење на табла со името Република Македонија во Министерството, што според премиерот Оливер Спасовски, претставувало јавен настап при кој бил прекршен Уставот.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Мизрахи е разрешена затоа што открила незаконитости и злоупотреби на Мила Царовска која пред Мизрахи беше министерка за труд и социјала.