Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи

Риасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница.
Одлуката била донесена со двотретинско мнозинство.
„Врз основа на записникот на вонредната седница на мнозинството на риасетот на ИВЗ на Република Северна Македонија одржана на 27.05.2020 година, со почеток во 10 часот, ние долупотпишаните врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои ги сочинуваат повеќе од 2/3 мнозинство на риасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сумејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ“, рече Ефенди Шаќир Фетаху, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.


Одлуката стапува на сила од денеска. На неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, муфтијата на Куманово, Абедин Имери, на Струга, Салим Сулејмани.
Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.