Утре со почеток во 11 часот Советот на јавни обвинители зад затворени врати, поради тајноста на истражната постапка за случајот “Рекет“ која е се уште во тек, ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева, специјалната обвинителка која е во притвор.
Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО.
Пронајдете не на следниве мрежи:


