Нетрпеливоста помеѓу Себастијан Фетел и Марк Вебер, која владее во Ред Бул по трката за Големата награда на Малезија, би можела да донесе големи промени во тимот.Сопственикот на компанијата Дитрих Матешиц, во интервју за „speedweek.com“, навестил кој може да седи зад воланот на Ред Бул во следната сезона.„Кими Раиконен е мирен и брз, тој е секогаш добредојден во нашиот тим“, рекол Матешиц. Сепак, сопственикот на Ред Бул, не го отпишува Марк Вебер од тимот.„И Марк е кандидат да вози во тимот во 2014 година. Сепак само тој знае дали тогаш ќе биде со нас. вратите на Ред Бул за него се секогаш отворени“, дополнил Матешиц.Во меѓувреме, изнервираниот Вебер рекол дека пред настапот на трката за Големата награда на Кина, во Шангај, своите фрустрации ќе ги лечи со сурфање во родната Австралија.
МакфаксНетрпеливоста помеѓу Себастијан Фетел и Марк Вебер, која владее во Ред Бул по трката за Големата награда на Малезија,