Ралф Шумахер се ожени со 14 години помладата партнерка, го кажа судбоносното „да“ во Сен Тропе

Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер (50) се ожени со својот партнер Етјен Буске-Касањ (34) на свечена церемонија одржана во Сен Тропе, Франција.

Двојката го кажа судбоносното „да“ во присуство на нивното семејство и најблиските пријатели, а целиот настан беше снимен од камери како дел од документарна серија што го следи нивниот живот.

Шумахер и неговата партнерка се појавија во темно сини костуми во иста боја со светло сини вратоврски, а свадбената прослава траеше три дена. Двојката поседува имот во близина на Сен Тропе, поради што оваа локација беше избрана за церемонијата.

Нивната документарна серија од четири дела насловена како „Ралф и Етјен: Велиме да“ (Wir sagen Ja) веќе се емитува, додека последната епизода, посветена на свадбата, ќе биде прикажана оваа недела.

Според најавите, документарецот ќе ја опфати и естетската операција на лицето на Етјен, која ја направи пред церемонијата, и покрај одредени резерви што Шумахер ги имаше во врска со таа одлука.

Ралф Шумахер беше во брак со Кора Шумахер од 2001 до 2015 година, и тие имаат син заедно, Дејвид. По разводот и јавното признание на Шумахер дека е геј, односот меѓу поранешните сопружници беше многу затегнат, со бројни јавни расправии.

Сепак, по веста за новиот брак, Кора Шумахер, заедно со нејзиниот партнер Стивен Бо Бекендам, јавно им посака среќа на младенците.

Постариот брат на Ралф, Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1, не се појавил во јавноста повеќе од една деценија по сериозната несреќа на скијање што ја доживеа кон крајот на 2013 година.
The post Ралф Шумахер се ожени со 14 години помладата партнерка, го кажа судбоносното „да“ во Сен Тропе appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: