сабота, 14 ноември 2026
Најново

Рама за отстранувањето на барикадите во Косово: Ништо ново, шоуто траеше подолго, крајот беше ист

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по отстранувањето на барикадите на северот на Косово поставени од српска страна.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Шефот на албанската Влада на Твитер поставувањето барикадите го опиша како „шоу“ што траело подолго, но имало ист крај како и другите.

– Ништо ново, шоуто траеше малку подолго, тензијата се крена малку погоре, зборовите се разменија со малку повеќе оган, воените маневри имаа малку повеќе талент, но крајот беше ист и сите се вратија дома, секој со сопствената победа, како и секогаш. Ах да, се случи нешто нечуено! Излезе новото значење на барикадата, која по 434 години влезе во листата на средства за мирни протести со благослов на ЕУ и САД! Се надеваме дека нашите стратешки сојузници  не се согласуваат по оваа точка. Апсолутно,  напиша Рама на Твитер.

Според него прашањето останало исто како и пред „овие мирни барикади и непријателски изјави“.

– И до кога различните одговори почнуваат на ист начин како во  минатото, прашањето ќе остане таму и по следната претстава, кога барикадите мирно ќе ја разбијат монотонијата без решение, заклучува Рама. 


Поврзани вести