На неодамна одржаниот форум на езерото Блед, албанскиот премиер Еди Рама го привлече вниманието со виц кој го кажал.
На Бледскиот стратешки форум во Словенија, тој кажа виц за рускиот претседател Владимир Путин пред стотици луѓе и пред премиерите на Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Македонија, Босна и Косово.
Рама на крајот од својот говор им се обрати на соговорниците со безопасното „Не знам дали сте слушнале дека Русија сака да ги обедини своите временски зони, бидејќи имаат девет часа разлика меѓу двата краја на земјата“. Потоа продолжи.
„Премиерот оди кај Путин и му вели – Имаме проблем. Моите беа на одмор, им се јавив да им посакам добра ноќ, но кај нив веќе беше утро. Му се јавив на Олаф Шолц да му честитам роденден, но тој рече дека тоа ќе биде следниот ден. Му се јавив на Си Џинпинг за да му посакам Нова Година, но тој ми рече дека се уште е старата година. Во тој момент Путин одговара: Да, и мене ми се случи. Му се јавив на семејството на Пригожин да му изразам сочувство, но авионот се уште не полетал“, изјави Еди Рама.
Неговата шега беше проследена со смеа.
Да потсетиме, Евгениј Пригожин, шефот на „Вагнер“, беше прогласен за мртов откако авионот во кој се наоѓаше се урна во областа Твер во Русија.