„Рамнодушен кон плачот“ е песната во која Бора Ѓорѓевиќ пред точно 40 години си ја опеа атмосферата на сопствениот погреб

Последната песна на албумот „Вечерас вас забављају, музичари који пију“ снимен во 1984 година стана песна која Бора Чорба, 40 години пред својата смрт си ја посвети на сопствениот погреб.„Равнодушан према плачу“ (Рамнодушен кон плачот) е песна во која Бора пишува за својот суден ден. Песната е целосно негово авторско дело, тој ги напишал и текстот и музиката.Самиот албум петти по ред на бендот е сниман во прилично мрачна атмосфера и што е најинтересно, во Љубљана, местото каде што и заврши животот на Бора.Во тој период бендот ја менува својата издавачка куќа и од РТБ-ПГП преминува во Југотон.Самиот албум не помина добро кај публиката, а и ќе го означи крајот на членувањето на Момчило Бајагиќ Бајага во „Рибља Чорба“ кој ќе ја напише и најпопуларната песна на албумот, насловена „Кад ходаш“.На албумот има и неколку песни кои тогашната држава ги сметала за непримерни, па дел од нив се објавени на посебниот албум „Забранети“ кој Чорба го пласираше во средина на деведесеттите.Иако критиката (под силен притисок на државниот цензорски систем) албумот го оцени како „шунд“, црната фаза на поезијата на Бора ја исфрли неговата судбоносна песна, „Равнодушан према плачу“.Стихови во кои уште тогаш генијот Бора така пластично го доловил и опеал лицемерието на денешнината, во која едни те жалат, други фалат, трeти критуикуваат, а сите всушност само своите лаги ги фабрикуваат… Онака како што ним им чини и одговара. „Рамнодушен кон плачот“ песна која е своевидна химна за мизеријата на лажната емпатија!

Пронајдете не на следниве мрежи: