Рамос ќе го чува Левандовски, Модриќ повторно ќе биде стартер

Жозе Мурињо веќе го знае тимот кој ќе се обиде да ја надополни негативата од 1:4 против Борусија Дортмунд во полуфиналниот реванш во Лигата на шампиони.

Според пишувањето на „Марка“, Португалецот околу почетниот состав има само една дилема, дали во шпицот на нападот да започне со Игуаин (кој одигра лошо на мечот во Дортмунд) или со Бензема, кој се опорави од повредата.Мурињо во централната дефанзивна линија повторно ќе игра со Серхио Рамос и Рафаел Варан, со тоа што Рамос ќе има задача да го чува Роберт Левандовски, кој на првиот меч постигна четири гола. На десната страна во одбраната ќе игра Есиен, а лево ќе биде Коентрао. Покрај Чаби Алонсо, во централниот дел од редот за врска ќе биде Лука Модриќ, додека Сами Кедира ќе биде резерва. Модриќ и Алонсо оваа сезона, во стартната постава како централни играчи во редот, заедно одиграле само еден натпревар – во фазата по групи, во Мадрид, Реал токму против Борусија одигра 2:2. Левата и десната страна во нападот се резервирани за Анхел ди Марија и Кристијано Роналдо, додека зад напаѓачите ќе игра Месут Езил. Полуфиналниот реванш помеѓу Реал и Борусија, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одигра во вторник со почеток во 20:45 часот. 
Макфакс
Жозе Мурињо веќе го знае тимот кој ќе се обиде да ја надополни негативата од 1:4 против Борусија Дортмунд во полуфиналниот

Пронајдете не на следниве мрежи: