Полициски службеници синоќа го уапсиле Б.П.(31) од Скопје. Лицето било уапсено околу 01.20 часот на улица „Народни херои“ во Кисела Вода.
– Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(31) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, велат од МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.