Раскинати 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на закониски и еколошки мерки

Раскинување на 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на законите или на еколошките мерки, како и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, најави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Раскинување на 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на законите или на еколошките мерки, како и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, најави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

На брифинг со новинарите таа информираше дека 34 договори се раскинати еднострано, а за 11 се истечени договорите и не се продолжени. Ваквите мерки се преземени поради непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

Од јануари до 1 октомври годинава биле спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори воМакедонија. Божиновска најавува многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Претходно и Министерството за животна средина информираше дека е раскинат договорот со „Мелкам инжинеринг“ од Скопје за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот Лавинчеви во атарот на селото Страчинци во Општина Гази Баба. Според министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одлуката е донесена поради сериозни пропусти и непочитување на законските обврски.

Неговото образложение беше дека концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто според договорот, односно 25 илјади тони годишно, во 2022 година биле ископани само 277 тони, во 2023 година нема активност, а во 2024 година само 187 тони. Активностите биле често прекинувани и не се почитувани законските обврски. Исто така, концесионерот не платил концесиски надоместок за ископаните количества во последните три години.

Пронајдете не на следниве мрежи: