Раскол во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Слабото лидерство, перењето од одговорност, немањето јасна претстава каде оди партијата конечно го земаат својот долг во последниот бастион што некогашната најјака партија во Македонија го имаше по паѓањето од власт – пратеничката група. Таа по парламентарните избори броеше 51 пратеник, за да подоцна започне да се рапидно да се раситнува. Па се намали на околу 40 пратеници. Потоа веќе никој не знае кој пратеник каде припаѓа и колку се верни на партијат, колку на Мицковски, колку на други центри. Молчат и не се произнесуваат…
Инаку овој состав не се прослави воопшто. Молчеше при пеењето на Албанската химна и не го спречи со ништо насилното преземање на власта од страна на ДУИ и СДС. Потоа одмолчеа и при воведувањето на двојазичноста, а исто така и при одлуката за референдум не кренаа глас. Јавноста, посебно онаа десничарска, опозициска цело време ги повикува да си поднесат оставки и да се придружат на народот на улиците. Меѓутоа ниту еден пратеник тоа досега не го стори.
Подолго време се зборува дека Заев е комотен со референдумот токму поради овој пратенички состав на Груевски и ДПМНЕ (се знае како се бираа пратениците). И дека и да не помине референдумот ги има двете третини пратеници за промена на Уставот, токму со имиња од пратеничката група на Мицковски. Дури се вртат и конкретни имиња. На пратеници поврзани со Груевски и Мијалкови далеку наназад во полуприватни врски кои им помагаа да бидат долгогодишни функционери од пратеници до членови на ИК и лидери на партиските унии…
Можеби токму затоа, неможејќи да го издржат притисокот кој се појачува секојдневно денеска неколку пратеници со слични текстови (се надевам не ги пишувал ист човек) се произнесоа дека нема да гласаат за промена на Уставот и за промена на името на Република Македонија. Ова е за поздравување. Ако не ги скршат во меѓувреме. И исто така ги остава на бришан простор привилегираните пратеници/функционери кон кои сега се вперени очите на половина милион десничарски гласови. Ќе бидат ли тие чувари на името или негови гробари. ТикТак што би рекол Заев. Времето истекува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.