Доколку сте вегетаријанци, сте на некаква диета, или постите, но и ако само сакате да се храните здраво, тогаш ова е одличен рецепт за вас.
Станува збор за гулаш од зеленчук што ќе ви се допадне на првиот залак, а не мора да трошите многу пари за да го подготвите. Гулашот со месо обично се динста долго, но доколку сакате побрза, но подеднакво вкусна варијанта, тогаш задолжително пробајте ја оваа со зеленчук.
Потребни состојки:
400 гр компири
2 моркова
1 кромид
300 гр зелка
1 пиперка
1 тиквичка
2 лажици доматна паста
1 лажичка шеќер
1 лажичка мелена лута пиперка
200 мл вода
3 чешниња лук
1 китка копар
1 китка магдонос
сол
Подготовка:
Компирите исечкајте ги на коцки, па пропржете ги на малку масло. Извадете ги и ставете ги во сад. Во истото тенџере пропржете ги исечканите моркови и кромид, па додајте ги во тенџерето со компирите. Во истото тенџере се пропржува и сечканата зелка и се додава во тенџерето со компирите. Потоа пропржете ги сечканите тиквички и пиперка, па додадете ја доматната паста и измешајте. Вратете го зеленчукот, посолете, посипете со лута мелена пиперка и шеќер. Истурете вода и додадете толчено лукче. Промешајте, покријте и варете на тивок оган околу 15 минути. Готовиот сад посипете го со сечкан магдонос и копар.