Раскошниот дом на Анета Наковска во Велгошти – ќе се воодушевите од внатрешноста

Пејачката Анета Наковска заедно со својот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, кога се во Македонија најмногу уживаат во нивната куќа во охридското Велгошти.
Куќата е направена од камен и уредена во минималистички стил, а покрај природните материјали како што се каменот и дрвото, доминираат белите нијанси.
Куќата се наоѓа во охридското село Велгошти кое може да се смета и за предградие на Охрид.
Во куќата има голем затворен базен во просторија која исто така е направена од камен, а на ѕидовите има греди во рустикален стил.


Инаку, Анета неодамна ги изненади своите обожаватели со нов спот во кој има потполно нов имиџ.
Таа одлучи драстично да ја скрати својата коса која беше нејзиниот заштитен знак. Новиот имиџ го направи на Флорида додека со својот сопруг престојуваше таму.
Наковска ужива на плажа


Наковска со години имаше долга и викана коса, а сега одлучи потполно да го промени изгледот и ја скрати.


Познатата пејачка сега има кратка фризура со руси прамени која и стои одлично.
Оние што ја пробале оваа фризура знаат колку храброст е потребно да ја направите истата, а што се однесува до Анета мораме да признаеме дека пејачката сега изгледа спектакуларно и многу заводливо.
Новата фризура им се допадна на нејзините обожаватели кои и упатија бројни комплименти

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.