По речиси цели 5 часа заврши распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде даваше исказ за истрагата во предметот “Рекет“. Таа излезе со насмевка на лицето, потврди дека била повикана во својство на сведок и не даде конкретен одговор дали очекува да биде една од осомничените во овој предмет. Јанева не сакаше да открие ниту детали за исказот кој го даде пред обвинителката Русковска, но потенцираше дека не чувствува никаква вина за случајот “Рекет“.
-Се работи сѐ уште за истрага. Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, рече Јанева.
На прашањето зошто на распит кај Вилма Русковска влегла со адвокат, одговори дека имала право и како сведок со себе да носи правен консултант и не откри детали за тоа што кажала пред Русковска.
-Морате да бидете трпеливи, истрагата е тајна, рече Јанева на прашањето дали таа разговарала по телефон со бизнисменот Орце Камчев.
На прашањето дали знае каде завршиле парите, Јанева одговори – да.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.