Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2024 година, соопшти Министерството за култура.
Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Конкурсот трае од 1 до 30 април 2024 година.
Целиот конкурс е објавен на веб-страницата на Министерството за култура на следниов линк: Државна награда „23 Октомври“ – Министерство за Култура (kultura.gov.mk).