Патничка започнала да се расправа со возачот откако ја промашила станицата на која требало да се симне од автобусот. Вербалната, но и физичка расправија предизвикала голема сообраќајна несреќа. Автобусот свртел во погрешна лента, удрил во еден од автомобилите и паднал од мостот во реката Јангце во Кина. Загинале 13 патници, а бројката може да се зголеми затоа што две лица се водат за исчезнати , соопшти кинеската полиција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



