Растат цените на производите

Трошоците на животот во ноември годинава се исти како во претходниот месец, а цените на мало пораснале за 0,3 отсто во споредба со минатогодишниот ноември 2019 трошоците на животот имаат зголемување од 2,2 отсто, а цените на мало зголемување од 1,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во ноември во споредба сопретходниот месец е забелжан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 13,3 отсто, маслото и маснотиите за 2,2, пивото за 0,5, жестоките пијалаци за 0,4, сирењето и урдата, прехранбените производи, неспомeнати на друго место, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто.


Пораст на трошоците е забележан и кај гасот за домаќинствата за 2,1 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1,7, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,2, информатичката опрема за обработка на податоци, градините, растенијата и цвеќињата за 0,8, облеката за 0,6, домашните миленици и сродните производи за 0,5, големите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0,4, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот има кај свежото и разладеното овошје за 13,3 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7, млекото за 0,5 и месото за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на животот е забележано и кај домашните услуги и услугите за домаќинствата за 3,1 отсто, медиумите за снимање за 2,2, моторните возила за 1,4, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,6, цврстите горива за 0,4, обувките, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,3, другите услуги за опремата за сопствен превоз, патниот патнички транспорт за 0,2 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.