АЛАРМАНТНО: Расте бројот на заразени, потврдени нови 4 случаи на коронавирус, лицата се од Скопје

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна, стои во соопштението од Министерството.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.
Повеќе информации ќе бидат познати на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 15 часот.

И Филипче вчера говореше на оваа тема со апел да се ограничат и верските собирања.

Апелираме да се остане дома. Полицијата почна да казнува

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

Времето за погребалните обреди се преполовува поради КОРОНА ВИРУСОТ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.