Расте бројот на повредени во Косово, полицијата пука

Косовската полиција во соработка со полицискиот инспекторат спроведува операција на северот на Косово во која се уапсени неколкумина полициски службеници и неколку граѓани осомничени за вмешаност во шверцување во Зубин Поток и други делови на северот на Косово.
Во меѓувреме, локалните Срби во Зубин Поток направија барикада каде се слушнаа истрели.
Како резултат на отпорот во северна Митровица, пет полицајци беа повредени.


Случајот беше потврден од портпаролката на болницата во Митровица, Нита Мустафа.
“По четири повредени полицајци, во моментов се лекува уште еден полицаец кој има мали повреди”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.