Растот на бројот на заразени од КОРОНА ВИРУСОТ ја намали цената на нафтата

Растот на бројот на заразени од КОРОНА ВИРУСОТ ја намали цената на нафтата

Нафтата денес на светските пазари се продаваше под 42 долари, притисната од растот на резервите и големиот дневен пораст на новозаразени во САД. Ова поттикна загриженост за економското заздравување и побарувачката за нафта.

Месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика покажува дека производството на сурова нафта на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК во јуни е намалено за 1.900.000 барели дневно во однос на претходниот месец, на 22.190.000 барели.

Притисок врз намалувањето на цените создаваат и континуирано високите резерви на нафта поради падот на побарувачката за бензин, дизел и другите горива, поврзани со пандемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: