Растот на хрватската економија меѓу економиите со најголем раст во ЕУ

Хрватска е една од најуспешните земји во ЕУ во закрепнување од пандемијата Ковид-19. Иако малку земји во Европа можат да бидат задоволни со економските резултати во последните години, Хрватска е една од ретките што се снајде релативно добро во хаотичната серија на глобални макроекономски околности.

БДП е само збирна мерка која ја покажува општата слика на економијата, но гледајќи ги поединечните показатели, јасно е дека ситуацијата во Хрватска не е лоша во споредба со остатокот од Европа. Така, на пример, извозот на производи во 2019 година изнесувал 15,2 милијарди евра, а во 2023 година 22,3 милијарди евра (први резултати), пишува Индекс.хр.

Нето платата во ноември 2019 година била околу 860 евра, а во ноември 2023 година 1208 евра. Стапката на невработеност била 7,7 отсто во истиот месец од 2019 година, а 6,3 отсто во 2023 година.

Помеѓу четвртиот квартал (октомври, ноември, декември) од 2019 година и третиот квартал (јули, август, септември) од 2023 година, БДП на Хрватска пораснало за 14,38 отсто. Гледајќи ги членките на ЕУ (пресметано со четвртиот квартал од 2023 година), тоа е помалку од само Ирска (25,28 проценти), Малта (17,99 проценти) и Кипар (15,42 проценти).

Ова е многу подобар резултат од просекот на ЕУ од 3,53 отсто, а Хрватска ги надмина Полска (9,82 отсто), Бугарија (8,58 отсто) и Словенија (8,08 отсто).

Најлошиот резултат го забележа Чешката Република (-1,34 отсто), единствената земја што сè уште не закрепнала од пандемијата во економска смисла. Најголемата економија во ЕУ, Германија, едвај закрепна со незначителен раст на БДП од 0,11 отсто. Шпанија (2,84 отсто), Франција (1,89 отсто), Австрија (1,36 отсто), Финска (0,84 отсто) и Естонија (0,42 отсто) се исто така под просекот на раст на ЕУ.


Пронајдете не на следниве мрежи: