Рачен или автоматски менувач – која е разликата и како да изберете автомобил за себе?


Кога станува збор за автомобилите, главната поделба не се базира ниту на потрошеното гориво, ниту на бројот на врати, туку на типот на менувачот. Според типот на автомобилот, тие се поделени на возила со автоматски и мануелен менувач. За да разбереме кој е подобар избор за нас, важно е најпрво да разбереме што ги разликува.

Што ни нудат автомобилите со рачен менувач?
Кога станува збор за овој тип на автомобили, првата асоцијација за многумина е спојката, бидејќи без неа промената на брзината е невозможна. Токму поради оваа причина, клиентите кои живеат во градовите се со помала веројатност да се одлучат за овој тип на автомобили, бидејќи во гужвите тие се многу посложени за возење и бараат континуирано ангажирање на возачот во смисла на притискање на педалата на куплунгот и менување брзини на менувач.
Но, „мануелите“ имаат и свои предности: според мислењето на многу возачи, тие се позабавни за возење и обезбедуваат поголема контрола врз возилото. Покрај тоа, тие се подостапни и бараат помалку одржување, поефикасни се кога станува збор за потрошувачката на гориво и се сметаат за посигурни за возење. Затоа, тие не се толку лош избор, особено ако често сте на отворен пат.
Кои се предностите на возилото со автоматски менувач?
Автомобилите со автоматски менувач се навистина многу полесни за возење, првенствено затоа што за разлика од оние со рачен менувач, не бараат постојано притискање и отпуштање на педалата на куплунгот и менување брзини. Поради нивната едноставност, овие возила често се омилени на жените и новите возачи на кои им е стресно дури и седењето зад воланот.
Исто така, автоматиката е многу побезбедна кога станува збор за непредвидени ситуации на патот кога се очекува возачот да реагира брзо, бидејќи тие не треба да размислуваат со каква брзина се, туку се фокусираат само на сопирање или забрзување. Покрај тоа, овие автомобили често имаат понапредни способности, како што се менување на режимите на возење и прилагодување на теренот.
Кој автомобил да се избере – со рачен или автоматски менувач?
Кога станува збор за избор на автомобил, не постои универзален одговор на прашањето кој е подобар избор за вас. Во суштина, ова зависи од голем број фактори. Личните преференци и навики на возачот се на прво место – дали уживате во поактивно возење или безгрижно возење низ градот без да размислувате за брзини?
Потоа, важен фактор е искуството на возачот и неговата самодоверба кога е во прашање возењето. Не помалку важен е вашиот буџет – возилата со рачен менувач обично се поевтини за купување и возење. Затоа, пред да одлучите за типот на возилото, прегледајте се себеси и вашите опции, а потоа донесете важна одлука.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи: