Едно парче мене, едно парче тебе, третото го снема, партијата го зема?
На креативноста за испумпување на пари од општините ѝ нема крај, а овојпат Општина Охрид ги надмина претходно поставените „граници“.
Јавното претпријатие „Охридски комуналец – Охрид“ набавило препарат на база на алги во вредност од 1.408.920 денари, или речиси 24.000 евра! Препаратот е набавен од Друштвото за производство, трговија и услуги ГАШО ПЛАСТ увоз-извоз Охрид ДООЕЛ, договорот е склучен на 11 декември 2023 година, а е потпишан од страна на директорот на јавното претпријатие Сашо Најдески и одговорното лице во Гашо Пласт, Дарко Гашиќ.
Инаку, интересно е што на веб-страната на јавни набавки нема многу набавки слични на оваа, односно никој освен Охридски комуналец не набавил ваков препарат за ваква цена. Исто така компанијата нема други достапни јавни набавки освен оваа која тежи речиси 24.000 евра.
Сомнително е што истото претпријатие во 2021 година набавило ваков препарат за 229.746 денари, што е за шест пати поевтино во споредба со последната набавка.
- Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволенотоЗагаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од- прочитај повеќе
- Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени зградиОколу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во- прочитај повеќе
- Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредениПоради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу- прочитај повеќе
- Путин потпиша закон : Забранета е јавна пропаганда на идеологијата на животот без децаЗакон за забрана на јавна пропаганда за деца на Интернет, во медиумите, рекламирање- прочитај повеќе
- Американски инвеститор размислува да го преземе „Северен тек 2“Инвеститор од Соединетите Американски Држави побарал дозвола од американската влада да го купи- прочитај повеќе
Исто така, компанијата од која тогаш е набавен истиот препарат за шест пати пониска цена учествувала и на овој тендер, заедно со Гашо Пласт, па се поставува прашањето како и сега не била постигната пониска цена, како што била и во 2021 година?
И да го занемариме делот со астрономската цена на препарат на база на алги, каков што не набавила ниедна друга општина еден факт се уште е спорен.
Одговорното лице во компанијата Гашо Пласт е донатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и тоа со прилично голема сума, за што има и потврда во партиските документи кои се јавно достапни.
Како што можете да видите од документите погоре, Гашиќ донирал во ВМРО-ДПМНЕ 105.500 денари, што е околу 10% од вредноста на претходно споменатиот тендер.
Оттука легитимно се поставува прашањето најпрво како ваквиот препарат чини 24.000 евра. Дополнително, дали на овој начин со општински пари се финансира и партијата ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид дека нивниот донатор добил тендер од општинско претпријатие со кое раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во општина чиј што градоначалник Пецаков исто така е од истата партија.
Ќе се произнесе ли Државната комисија за спречување на корупција за овој случај и дали Обвиниелството покрај останатите скандали во Општина Охрид ќе го провери и овој?
Фрчат тендери, се трошат народни пари за алги и на крај едно парче мене, едно парче тебе, третото го снема, партијата го зема…?
извор: инфомакс
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.