„Рај на Земјата“: Таму нема патишта, автомобили и врева – наоколу само вода, мир и црцорење на птиците…

Ова парче мал рај на земјата се наоѓа во Холандија, а се надеваме дека ќе ве освои со својата уникатност.
Во Холандија се наоѓа мало чудно островче наречено Scheendijk кое што од птичја перспектива изледа како „искинат чорап“.
Помалечки парчиња земјишта кои што се опкружени со вода и на кои што се наоѓа по една куќичка – овој остров го прават магичен.


Оние кои што се будат на ова место, велат дека ништо освен црцорењето на птиците не слушаат.
Овој остров уште се нарекува и рај на земјата, а за туристите „отворен“ е во текот на пролетта, летото и есента, но не и во текот на зимата. Назима таму е забрането да се престојува.
Посетителите помеѓу куќичките исклучително се движат со чамци затоа што друга опција не постои. На моторните чамци таму не им е местото (затоа што го нарушуваат мирот), па ќе добиете само кану или пак чамец со весла. На кучињата и останатите домашни миленичиња таму престојот не им е дозволен.


Куќите кои што се наоѓаат на овој магичен остров често не се изнајмуваат поради тоа што тие се приватна сопственост на Холанѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.