Раџон Рондо објави крај на кариерата



Двократниот НБА шампион, американскиот кошаркар Раџон Рондо објави крај на кариерата по 16 години минати во најсилната светска кошаркарска лига.

„Готово е. Повеќе не можам. Повеќе би сакал да го минувам времето со моите деца. Го сакав секој момент што го минав во лигата и го ценам братството што имав можност да го споделам. Научив многу играјќи кошарка, што ме натера да личноста што сум јас“, изјави 38-годишниот Рондо.

Првата титула Рондо ја освои во 2008 година со Бостон Селтикс, а втората во „балонот“ во 2020 година како член на Лос Анџелес Лејкерс. Последните натпревари во НБА лигата ги одигра во сезоната 2021/22 во дресот на Кливленд Кавалирс.

Во сезоната 2009/10. Рондо водеше во лигата по просечниот број освоени топки, додека во сезоните 2011/12, 2012/13. и 2015/16 година беше најдобар асистент во лигата.

Кариерата ја заврши со просеци од 9,8 поени, 7,9 асистенции, 4,5 скока и 1,6 украдени топки на 957 натпревари, а играше за два различни клуба.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: