Р Е А К Ц И Ј А
Во својство на полномошник на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, реагираме на
написот со наслов „Ибрахими: Се додека Даниела Арсовскa не ја извршува својата должност за
собирање на ѓубрето од Чаир, не и вреди ниту еден аргумент“, објавен на 05.06.2025 година на веб
порталот bulevar.mk, во сопственост на Дарко Каловски и уредуван од Слабчо Србиноски.
Во споменатиот текст е објавена содржина од извесен Зеќирија Ибрахими во кој се критикува
Градоначалникот на Град Скопје поради наводно неисполнување на нејзините обврски да го собира
отпадот од Општина Чаир, со цел да ги дискредитира нејзинити аргументи за дивоградбите во Општина Чаир.
Најпрво сакаме да истакнеме дека Градоначалникот на Град Скопје нема основна обврска да го собира отпадот од општините, ниту во Општина Чаир, тоа е обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, и тоа само за комуналниот отпад, додека кабастиот и градежниот отпад е обврска на општините каде истиот се наоѓа. Тоа што Општина Чаир не ги сервисира и извршува нејзините основни обврски и не одржува здрава животна средина за нејзините граѓани не е вина на ЈП Комунална Хигиена-Скопје.
Второ, Градоначалникот на Град Скопје не изнесе сопствени „аргументи“ за дивоградбите во
Општина Чаир, туку непобитни материјални ДОКАЗИ кои упатуваат на основан сомнеж за сторено
кривично дело кое треба да биде предмет на истрага во јавното обвинителство, а не пред судот на
јавноста.
Според аргументите на текстот пренесен од Зеќирија се добива впечаток дека криминалот со
фалсификување на исправи и дивоградби е оправдан во услови кога јавните претпријатија не ја вршат нивната основна дејност. Дали ЈП Комунална хигиена-Скопје треба да престане да го собира
комуналниот отпад затоа што Општина Чаир му должи над 7 МИЛИОНИ на јавното претпријатие.
Апелираме до медиумите да се придржуваат до принципите на објективно, точно и навремено
информирање, а ваквите дезинформации само го поткопуваат јавниот интерес и ја нарушуваат
довербата на граѓаните.
Бараме да објавите реакција во рок од 48 часа од приемот на ова барање,
согласно чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Скопје, 07.06.2025 год. Адвокат Трајче Арсов



