Реализација на меморандумот за соработка со МНТ и ЦНП започна

Започна реализацијата на меморандумот за продлабочување на соработката меѓу Црногорското народно позориште (ЦНП) и Македонскиот народен театар (МНТ), со гостувања на македонските претстави. Во изминативе две вечери, публиката во Подгорица уживаше во изведбите на „Народниот пратеник“ на Бранислав Нушиќ под режисерската палка на Егон Савин и „12“, според делото на Реџиналд Роуз, режирана од Синиша Евтимов. Илија Суботиќ, директор на ЦНП, изрази задоволство од успешниот почеток на договорот, особено во годината кога МНТ го слави својот 80-годишен јубилеј. Тој истакна дека меморандумот отвора врати за нови проекти и заеднички активности, особено поради членството на двата театра во Европската театарска конвенција.
Од страна на МНТ, директорот Никола Кимовски ја потврди важноста на соработката што е започната по повеќе од десет години пауза, истакнувајќи ја својата радост од приемот на македонските претстави во Црногорското народно позориште. Претставите „12“ и „Народен пратеник“ беа прикажани на 9 и 8 април пред преполни салони и беа наградени со аплаузи и овации. Исто така, во мај минатата година, претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, беше изведена исто така во Подгорица како дел од успешното партнерство.
На состанокот присуствуваше и режисерот Синиша Евтимов. Македонскиот народен театар, на нивната последна сесија во Атина, беше прифатен како член на Европската театарска конвенција, најзначајната паневропска асоцијација, каде Црногорското народно позориште веќе учествува од 2023 година.
The post Реализација на меморандумот за соработка со МНТ и ЦНП започна appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: